Дома / Вања Јовановска (страна 5)

Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Литературен ден – Креативна писателска работилница

„Мојата новогодишна желба“ Во рамките на активностите по повод Патронатот на училиштето, ја реализиравме креативната писателска работилница „Мојата новогодишна желба“, наменета за ученици од III до V одделение. Учениците создаваа свои кратки литературни творби, исполнети со детска креативност. Сите учесници добија пофалници за вложениот труд и инспирација, а беа доделени …

Повеќе

Активности на Еко клубот

Во рамките на активностите по повод Патрониот празник, учениците од петто одделение учествуваа во едукативна и забавна еко-игра „Погоди го поимот“, организирана од Еко клубот, со цел поттикнување и развивање на еколошката свест преку интерактивна игра. Преку тимска работа, забава и активно учество, учениците ги проширија своите знаења за заштитата …

Повеќе

Активности на Историската секција

Во рамките на активностите на Историската секција беше реализирана презентација на тема „Животот и делото на Даме Груев“, со цел потсетување на историското значење и големиот придонес на патронот на нашето училиште. Преку истражување, презентација и дискусија, учениците се запознаа со револуционерниот пат на Даме Груев, неговата улога во македонското …

Повеќе

По повод Денот на Општината, нашето училиште со голема чест зеде учество со свој штанд

На штандот беа изложени креативни изработки подготвени од наставниот кадар, како и вкусна храна подготвена со љубов од нашите родители. Им благодариме на сите наставници и родители за трудот, посветеноста и соработката, со кои достојно го претставивме нашето училиште. Честит Ден на Општината, ви посакуваме успешна и плодна работа!

Повеќе

Денес нашите ученици од ООУ „Даме Груев“ присуствуваа на промоцијата на стихозбирката „Новогодишна и божиќна магија“, што се одржа во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес.

Промотор на книгата беше Ели Маказлиева, која на топол и инспиративен начин ја претстави оваа празнична стихозбирка. Горди сме што во книгата се застапени и нашите талентирани ученици: Матеа Јовановска (5-б одд.) Мила Крстевска (5-б одд.) Марија Бабарчиќ (5-б одд.) Симона Витанова (5-б одд.) Асија Хоџиќ (5-б одд.) Секој ученик …

Повеќе

Тридневната Конференција за соработници на Мировниот корпус заврши со Церемонијата на давање свечена заклетва на 28. група на волонтери од САД. Еден од нив ја започнува својата двегодишна служба во нашето училиште со цел да го даде својот придонес како во училиштето, така и во заедницата

Дел од овој настан беше и претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, а свое обраќање имаа и директорот на Мировниот корпус, г. Дејвид Рисајд, амбасадорката на САД, г-ѓа Анџела Прајс Агелар, министерката за образование и наука, г-ѓа Весна Јаневска и министерот за локална самоуправа, г. Златко Перински. Добредојде Џед …

Повеќе

Здрави заби = Среќни насмевки!

Нашите ученици од петто одделение во рамки на наставната програма од изборниот предмет „Учам за моето здравје“, денес ја посетија стоматолошката ординација „Д-р Бети Дервишова“! Учениците слушнаа корисни совети за правилно четкање, здрава исхрана, спречување кариес и зошто е важно редовно да се посетува стоматолог. Благодарност до тимот на ординацијата …

Повеќе

Во нашето училиште, во III одделение, беше одржана едукативна средба со д-р Жанета Чаушевска, доктор по општа медицина во амбулантата во Градско. Средбата беше реализирана во рамките на наставната содржина „Улогата на лекарот во лекувањето на болестите кај децата“ по предметот Природни науки

Д-р Чаушевска им објасни на учениците како да ги препознаат сезонските заболувања, кои се најчестите симптоми и кога е потребно да се побара медицинска помош. Учениците со големо внимание ја следеа презентацијата и активно поставуваа прашања . Посетата беше корисна, интересна и многу едукативна, а учениците стекнаа нови и важни …

Повеќе