Дома / Вања Јовановска (страна 10)

Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Слики од одржаната историска секција по повод одбележувањето на смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз Тито

Ова се дел од тековните активности на историската секција, каде што учениците преку истражување, презентации и дискусии ја негуваат историската свест и се сеќаваат на значајни личности од нашата историја

Повеќе

На 10.05.2025 година, на Државниот натпревар по географија што се одржа во Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, нашиот ученик Леон Кавазов од IX одделение , под менторство на наставничката Весна Стаменкова Бабунова, освои трета награда

Честитки за Леон за постигнатиот успех!

Повеќе

Денес нашите ученици имаа можност да го посетат Саемот на книга во Скопје!

Со оваа посета, им овозможивме поблиску да се запознаат со светот на книгите , новите изданија и автори , како и да го разбудат читателскиот дух. Горди сме што ја негуваме љубовта кон читањето и знаењето!

Повеќе

УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД АКЦИЈА!

Денес, нашето училиште со голема енергија и посветеност учествуваше во пролетната еко-акција „Генералка викенд“! Наставниците заедно со учениците реализираа практични активности од прирачниците – во училници, во училишниот двор. Учевме, се забавувавме и придонесовме за почиста и поздрава средина! Акцијата беше дел од националната иницијатива, а нашите ученици покажаа одговорност, …

Повеќе

Почитувани

Ве информираме дека сите собрани средства од Хуманитарниот Велигденски базар, организиран од нашето училиште, се успешно уплатени на сметката за донации за настраданите семејства во Кочани. Голема благодарност до сите ученици, наставници, родители, дечињата и вработените во градинката, пријатели на училиштето што несебично се вклучија и дадоа придонес – секој …

Повеќе

5 Мај – Ден на македонската азбука

Јазикот е нашата најкомплетна татковина“, ќе рече Блаже Конески – великанот чиј придонес во создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик е непроценлив. Денес оддаваме почит на овој столб на нашиот идентитет. Нашите ученички од VIб одд под менторство на наставничката Лидија Каратулкова, подготвија активност за одбележување на …

Повеќе

Во рамки на одбележувањето на Месецот на книгата, нашето училиште организираше наградна екскурзија за одделенијата што се истакнаа со најдобри и најкреативни трудови на конкурсот со тема „Во светот на бајките“

Денес, нашите најмали ученици уживаа во прекрасна посета на Зоолошката градина во Скопје , додека учениците од предметна настава имаа можност да ја посетат Куќата на Мајка Тереза и да се запознаат поблиску со нејзиниот живот и хуманитарна мисија Честитки до сите ученици и ментори за вложениот труд и фантазија! …

Повеќе

Денот на планетата Земја – Нека нашата планета дише!

Денес, со многу љубов, креативност и посветеност, го одбележавме Денот на планетата Земја во нашето училиште! Учениците учествуваа во работилници, изработија еко-постери, различни изработки преку кои учеа за важноста на заштитата на животната средина. Со мали чекори кон големи промени – заедно учиме да се грижиме за нашата планета, затоа …

Повеќе

Велигденска магија исполнета со хуманост и детска радост!

Денес дворот на нашето училиште се исполни со насмевки, топлина и хуманост, го одржавме Хуманитарениот Велигденски хепенинг, каде преку велигденски базар со рачно изработени украси, со голема љубов собиравме средства за настраданите во Кочани. Голема благодарност до сите ученици, наставници, родители, како и до најмалите учесници – дечињата од ОЈУДГ …

Повеќе