Ве информираме дека сите собрани средства од Хуманитарниот Велигденски базар, организиран од нашето училиште, се успешно уплатени на сметката за донации за настраданите семејства во Кочани.
Голема благодарност до сите ученици, наставници, родители, дечињата и вработените во градинката, пријатели на училиштето што несебично се вклучија и дадоа придонес – секој производ, секој денар и секој гест значеа поддршка и надеж.
Заедно покажавме што значи хуманост, солидарност и заедничка сила!

ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште