

Во рамките на проектот Erasmus+ „Трансформативно предавање: Јазична компетентност, благосостојба и извонредно управување со училницата“, реализиран од ООУ „Даме Груев“ – Градско, изготвен е билтен посветен на реализираните активности и стекнатите искуства од обуката.
Билтенот содржи информации за реализираната Erasmus+ мобилност, темите обработени за време на обуката, стекнатите знаења и компетенции, како и примери за нивната примена во наставата.
Преку учеството во обуката, наставниците ги унапредија своите компетенции во областа на англискиот јазик и дигиталните технологии, а стекнатите знаења ќе придонесат за поквалитетна и посовремена настава и поголема мотивација на учениците.

ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште