Дома / Новости / Велигденска магија исполнета со хуманост и детска радост!

Велигденска магија исполнета со хуманост и детска радост!

Денес дворот на нашето училиште се исполни со насмевки, топлина и хуманост, го одржавме Хуманитарениот Велигденски хепенинг, каде преку велигденски базар со рачно изработени украси, со голема љубов собиравме средства за настраданите во Кочани.

Голема благодарност до сите ученици, наставници, родители, како и до најмалите учесници – дечињата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“, кои со своето присуство и насмевки го направија настанот уште поволшебен!

Нашите вредни ученици и вработени подготвија уникатни велигденски украси, кои со љубов беа понудени на базарот.

Настанот беше збогатен и со забавни игри, Easter Egg Hunt, Easter Bunny Hop, Easter Egg Race.

Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа хуманитарна приказна и што покажавте дека солидарноста, љубовта и добрината се сè уште живи меѓу нас!

Христос Воскресе!

Нека Велигден ви донесе мир, љубов, здравје и благосостојба во вашите домови!

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

КУЌЕН РЕД

КУЌЕН-РЕДПреземи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *