„Мојата новогодишна желба“
Во рамките на активностите по повод Патронатот на училиштето, ја реализиравме креативната писателска работилница „Мојата новогодишна желба“, наменета за ученици од III до V одделение. Учениците создаваа свои кратки литературни творби, исполнети со детска креативност.
Сите учесници добија пофалници за вложениот труд и инспирација, а беа доделени и три награди, по една од секое одделение.
Им честитаме на сите ученици за учеството и им посакуваме уште многу напишани желби, приказни и соништа!








ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште