Дома / Вања Јовановска (страна 3)

Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Учениците од 9 одделение ја посетија спомен-куќата на Кочо Рацин во Велес

Преку оваа едукативна посета, тие имаа можност да се запознаат поблиску со животот и делото на еден од најзначајните македонски поети. Учениците со голем интерес ги разгледаа изложените предмети и слушаа за историското значење на Рацин. Посетата беше одлична можност за учење надвор од училницата и продлабочување на љубовта кон …

Повеќе

По повод Денот на водата (22 март), учениците од Еко клубот реализираа активност на тема „Ја чуваме секоја капка вода“

Учениците учествуваа во едукативни и забавни игри, преку кои на креативен начин учеа за значењето на водата и потребата од нејзино зачувување. Да ја чуваме водата – таа е извор на живот!

Повеќе

Денес учениците од одделенска настава имаа можност да уживаат во прекрасната театарска претстава „Заспаната убавица“

Преку игра, музика и актерска изведба, децата се запознаа со магијата на театарот и ја развиваа својата имагинација. Насмевките и воодушевувањето беа доказ дека уметноста има посебно место во нивното детство

Повеќе

На ден 17.2.2026 (вторник) се одржа натпреварот по англиски јазик за креативно пишување Write on!, организиран од Мировниот корпус

Во целата држава учествуваа 560 ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение,од кои 10 ученици беа од нашето училиште. Со радост споделуваме дека: Ученикот Мартин Манев од VIIб одделение освои ПРВО место на ниво на држава и продолжува на меѓународниот натпревар. Ученичката Михаела Самандова од VIIIб освои ПОФАЛНИЦА. Честитики …

Повеќе

Вашата хуманост, солидарност и поддршка покажаа дека во најтешките моменти знаеме да бидеме сплотени и да подадеме рака таму каде што е најпотребно.

Вашата хуманост, солидарност и поддршка покажаа дека во најтешките моменти знаеме да бидеме сплотени и да подадеме рака таму каде што е најпотребно. Ви благодариме на сите што дониравте и бевте дел од оваа акција. Заедно направивме големо дело и уште еднаш ја докажавме хуманоста на дело

Повеќе

Посета на фабриката за конзервирање на храна -Фабрика за масло „Благој Ѓорев“ АД Велес

Учениците од 8 одделение ПУ с. Виничани, со нивниот предметен наставник, денес (26.02.2026 година) ја посетија фабриката за конзервирање на храна – Фабрика за масло „Благој Ѓорев“ АД Велес, во склоп на годишната програма по предметот – Готвење, кој го изучуваат во оваа учебна година. Се запознаа со процесот на …

Повеќе