Дома / Вања Јовановска (страна 2)

Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН МАТЕМАТИЧКИ ХАКАТОН ВО ООУ „ДАМЕ ГРУЕВ“ – ГРАДСКО!

Денес во нашето училиште се одржа инспиративен настан под мотото „Математички Хакатон: Од идеја до дигитално решение“. На овој настан учество зедоа креативните ученици од 6-то до 9-то одделение, кои под менторство на наставникот по математика, Иле Петровски, покажаа како математиката и технологијата одат рака под рака. ​На хакатонот се …

Повеќе

Велигденски базар во чест на најголемиот христијански празник – Велигден!

Нашето училиште беше исполнето со празнична атмосфера, насмевки и прекрасни велигденски изработки создадени со љубов и посветеност од учениците и наставниците. ООУ “Даме Груев” Ви посакува среќен и благословен Велигден, исполнет со мир, љубов и здравје!

Повеќе

По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, нашето училиште зеде учество во натпреварот на тема: „Соработувај со природата за здравје“

Со голема посветеност и ентузијазам, учениците од 8 и 9 одделение, под менторство на наставниците Ели Неделковска и Тони Тасков, успешно го претставија нашето училиште. Во активностите учествуваа ученици од Градско и Виничани, што придонесе за уште поголема соработка, размена на идеи и заедничка грижа за здравјето и природата.

Повеќе

По повод Светскиот ден на Ханс Кристијан Андерсен, во библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес беа доделени наградите од литературниот конкурс на тема „Патување во светот на фантазијата“

Прва награда освои ученичката Јоана Нацкова од IV одделение. Пофалници добија ученичките Јована Каракачанова и Миа Петрушевска. Честитки за сите учесници за креативноста и љубовта кон пишаниот збор!

Повеќе

Априлијада 2026

Нашето училиште денес беше исполнето со насмевки, креативност и весела атмосфера. Учениците се претставија со оригинални и впечатливи маски, покажувајќи дека фантазијата нема граници! Им честитаме на сите ученици за нивната креативност и учество Ден исполнет со смеа, радост и убави спомени!

Повеќе

Во нашето училиште успешно се реализираше пробното електронско тестирање во рамки на TIMSS (Trends in International Mathematics and Science Study) 2027

Училишен координатор задолжен за спроведување на пробното тестирање беше педагогот Вања Јовановска, која се погрижи за успешна организација и реализација на активноста. Учениците од IV одделение имаа можност да ги покажат своите знаења и вештини по математика и природни науки, решавајќи задачи од различни содржински подрачја. Тестирањето се одвиваше во …

Повеќе

Нашето училиште ќе земе активно учество во настанот

Ќе биде формирана комисија која од секоја паралелка ќе избере по една најдобра маска. Од избраните маски, на ниво на училиште ќе бидат одбрани 3 најдобри маски кои ќе бидат наградени. Доколку временските услови не дозволуваат одржување на настанот на отворено, истиот ќе се реализира во спортската сала на училиштето.

Повеќе