Дома / Новости / УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН МАТЕМАТИЧКИ ХАКАТОН ВО ООУ „ДАМЕ ГРУЕВ“ – ГРАДСКО!

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН МАТЕМАТИЧКИ ХАКАТОН ВО ООУ „ДАМЕ ГРУЕВ“ – ГРАДСКО!

Денес во нашето училиште се одржа инспиративен настан под мотото „Математички Хакатон: Од идеја до дигитално решение“. На овој настан учество зедоа креативните ученици од 6-то до 9-то одделение, кои под менторство на наставникот по математика, Иле Петровски, покажаа како математиката и технологијата одат рака под рака.

​На хакатонот се натпреваруваа четири тимови:

Фалангата на игрите

ТИМ 13

Димензија X

Генијалците

​Сите екипи покажаа исклучително ниво на знаење, вештини за истражување и феноменални презентации користејќи дигитални алатки како PowerPoint и Word. Нивната посветеност и креативност за нивна возраст беше навистина за восхит!

​Тричлената комисија во состав на наставниците: Зоран Јаневски, Александар Коцев и Тони Тасков, имаше тешка задача да одлучи, но со прво место заслужено се закити екипата на ТИМ 13!

​Упатуваме голема благодарност до сите учесници за нивниот труд и до сите присутни кои го поддржаа овој настан. Се надеваме дека сите заминаа со нови знаења и мотивираност за идни предизвици.

​Честитки до победниците и до сите учесници за одличните резултати!

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

КУЌЕН РЕД

КУЌЕН-РЕДПреземи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *