Во рамките на активностите на Историската секција беше реализирана презентација на тема „Животот и делото на Даме Груев“, со цел потсетување на историското значење и големиот придонес на патронот на нашето училиште.
Преку истражување, презентација и дискусија, учениците се запознаа со револуционерниот пат на Даме Груев, неговата улога во македонското националноослободително движење и вредностите што тој ги застапувал – слобода, пожртвуваност и љубов кон татковината.









ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште