Со овој настан ја истакнавме почитта и заедништвото, а упатуваме и искрени честитки до сите припадници на бошњачката заедница!
ПовеќеЈазиците нѐ поврзуваат со различни култури и народи! По повод Меѓународниот ден на јазиците ја прославуваме различноста што нѐ обединува
Учениците од седмо, осмо и деветто одделение учествуваа во тривија квиз, каде што преку забава учеа нови факти и откриваа како моќта на јазиците може да ги инспирира на нови идеи и знаења. Со активноста Spelling Bee го проверивме правилното пишување на зборови на македонски и англиски јазик, а ученици …
ПовеќеВо рамките на Европските денови на културното наследство 2025 под заедничката тема „Архитектонското наследство – прозорец кон минатото, врата кон иднината“, археолошкиот локалитет Стоби ги отвори вратите за сите љубители на историјата и културата
Нашите ученици од IV одделение со голем интерес го посетија овој значаен локалитет, запознавајќи се со богатото културно наследство и фасцинантната историја што ја носи во себе. Овој ден беше вистинска можност најмладите да погледнат низ „прозорецот кон минатото“
ПовеќеНа 22 септември, го одбележавме Светскиот ден без автомобили – ден кој потсетува на важноста од здрави навики, чиста околина и одговорност кон природата
Нашето училиште се вклучи со низа креативни и едукативни активности: учениците и наставниците зборуваа за придобивките од пешачењето и возењето велосипед, цртаа едукативни постери, учествуваа во игри и разговори за намалување на загадувањето и зачувување на планетата. Со симболично оставање на автомобилите „на страна“, сите заедно покажавме дека малите чекори …
ПовеќеДраги наши првачиња
Добредојдовте во светот на знаењето и пријателството! Ви посакуваме секој ваш ден во училишните клупи да биде исполнет со насмевки, радост и нови откритија. Нека вашите мали срца бидат големи за љубов, дружба и добрина, а вашите умови љубопитни и отворени за нови знаења. Храбро чекорете по патот на учењето …
ПовеќеОд срце им честитаме на нашите колеги за трансформацијата на работниот однос на неопределено време!
Горди сме што вакви луѓе се дел од нашиот колектив. Овој чекор претставува потврда за посветеноста и професионалниот ангажман во нашето училиште. Нека ова биде само почеток на уште многу професионални достигнувања! Продолжуваме заедно напред!
ПовеќеДраги полуматуранти,
Зад вас останува едно значајно поглавје, а пред вас се отвораат нови патеки полни со предизвици, избори и можности. Вашата генерација беше посебна, инспиративна. Веруваме дека ќе продолжите да бидете гордост за вашите семејства, наставници и за целото наше училиште. Стремете се кон соништата, верувајте во себе и секогаш носете …
ПовеќеПОКАНА
Драги ученици и почитувани родители, Со голема радост Ве покануваме на Завршната приредба на петтоодделенците, која ќе се одржи денес, понеделник (09.06.2025) во 20:00 часот. Ве очекуваат насмевки, песни, игра и прекрасни моменти со нашите петтоодделенци кои со гордост го заокружуваат едно важно поглавје од своето школување. Место на одржување: …
ПовеќеТимот при нашето училиште за Мултиетничка интеграција на младите во образованието вчера ја оствари втората средба со партнер-училиштето „Страшо Пинџур“ – с. Соколарци.
Во текот на денот беа реализирани повеќе заеднички активности со ученици и наставници од двете училишта: Посета на училиштето во Чешиново Ликовна работилница: „Штркот како симбол на местото“ Посета на фабриката за ориз – Е-МА СТИЛ Преку дружење и соработка, младите развиваат почит, разбирање и мултикултурни вредности. Целта на оваа …
Повеќе
ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште