Дома / Новости (страна 9)

Новости

Нашето училиште беше вклучено во проектот ,,Проценка на училишната нутритивна средина во РСМ”, која има за цел да ја процени нутритивната средина во училиштата

Оваа студија ја спроведува УНИЦЕФ, во соработка со истражувачи од Универзитетот Даекин во Австралија. Како дел од студијата, од нашето училиште беа анкетирани ученици од VI и IX одделение, чии родители дадоа согласност за оваа писмена анкета. Голема благодарност до нашиот соработник, м-р нутриционист Александра Пренџов

Повеќе

Денес изигравме три натпревари – една победа и две тесни загуби. Иако не успеавме да се пласираме понатаму, горди сме на секој момент на теренот!

Дечките одиграа со срце, борбено и машки до последниот свиреж – покажаа што значи вистински тимски дух! Финалето беше дел од завршниот турнир од проектот „Фудбал во училиште“, кој се реализираше под покровителство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)! Големо браво за нашите ученици

Повеќе

Денес учениците од 5-то и 6-то одделение при ООУ „Даме Груев“ – Градско, заедно со учениците од 6-то одделение при ПУ во с. Виничани, го посетија археолошкиот локалитет Стоби.

Имавме можност одблиску да ги разгледаме остатоците од многубројни градби и да се запознаеме со богатата историја на овој значаен антички град. Учениците со голем интерес слушаа и учеа за животот на луѓето од минатото – директно на местото каде што историјата оживува!

Повеќе

Нашите ученици од II и III одделение се пласираа во финалето на завршниот турнир од проектот „Фудбал во училиште“, кој се реализира под покровителство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)!

Финалето ќе се одржи овој понеделник во Скопје, а ние им посакуваме СРЕЌА и УСПЕХ на нашите мали фудбалски херои

Повеќе

Нашето училиште им овозможи на учениците од одделенска настава да уживаат во магичната театарска претстава „Аладин“, во изведба на драмскиот клуб од ООУ „Страшо Пинџур“, во соработка со НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино

Прекрасна атмосфера и многу детски насмевки

Повеќе

Посета на античкиот град Стоби – лекција под отворено небо!

Денес учениците од VII одделение при ПОУ „Даме Груев“ с. Виничани го посетија еден од најзначајните археолошки локалитети во нашата земја – античкиот град Стоби. Сместен во самото срце на Македонија, Стоби е град со длабоки историски корени. Изграден уште во хеленскиот период, пред времето на кралот Филип Петти, тој …

Повеќе

ЕКСКУРЗИЈА ЗА ПАМЕТЕЊЕ!

Учениците од нашето училиште уживаа во тридневна едукативна екскурзија низ некои од најубавите и најзначајни места во Македонија. Патувањето беше комбинација од културно и историско збогатување, дружење и забава – токму како што треба да изгледа едно вистинско училишно доживување. Прв ден: Започнавме од Градско и ги посетивме: Костурницата во …

Повеќе

Со огромна почит и достоинство, денес – 24 Мај, целиот словенски свет го слави нивното дело

Тие се први кои го доближија словото Божјо на словенските народи на нивниот словенски јазик и го внесоа како рамноправен јазик во богослужбата, покрај латинскиот, еврејскиот и грчкиот. Со тоа, заслужено се издигнаа на највисокиот светителски, рамноапостолски ранг на првоучители и просветители. Духовни амблеми на културниот универзум. Мисионери на христијанството, …

Повеќе

Денес нашите ученици имаа незаборавен ден!

Учениците од трето и шесто одделение уживаа во прекрасно доживување на екскурзија во Дојран, каде што поминаа весели моменти покрај езерото и научија многу интересни нешта. Во исто време, останатите ученици беа на излет во Кавадарци, каде што исто така се забавуваа, се дружеа и ја истражуваа природата. Погледнете дел …

Повеќе