Дома / Новости (страна 7)

Новости

Успешно реализирана хуманитарна акција!

Учeничкиот парламент спроведе акцијата за собирање облека за хуманитарни цели, која беше успешно реализирана. Собраната облека им беше донирана на семејства и поединци на кои им е најпотребна, со надеж дека ќе внесеме барем малку топлина и насмевка во нивните животи

Повеќе

Посета на Општина Градско од учениците од четврто одделение

Денес учениците од четврто одделение од нашето училиште ја посетија Општина Градско и остварија пријатна и едукативна средба со Градоначалникот. Во пријатна атмосфера, учениците имаа можност да дознаат повеќе за работата на локалната самоуправа, како функционира општината и кои се надлежностите на Градоначалникот и неговиот тим. Градоначалникот со големо задоволство …

Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Драги ученици и наставници, Ве известуваме дека до 15 ноември трае манифестацијата „Месец на книгата“. Нашето училиште, оваа учебна година, по повод Месецот на книгата, се одлучи за калиграфско пишување (краснопис) на песната „Без јазик си никој и ништо“ од Видое Подгорец. Песната треба да биде напишана со ракописни, кирилични …

Повеќе

Нашето училиште беше избрано да учествува во примерокот за преттестирање во рамките на Државното тестирање по македонски јазик, организирано од Државниот испитен центар (ДИЦ).

Тестирањето се спроведе на 15 октомври 2025 година со учениците од IV одделение, на наставни содржини изучувани во III одделение. Координатор на активноста беше психологот во нашето училиште Сара Стојкова.

Повеќе

Денес, во нашето училиште, со пригодна и весела програма, нашите првачиња свечено ја дадоа својата заклетва и станаа дел од големото семејство на учениците

Еко-клубот на нашето училиште подготви креативни балони со пораки под мотото „Од деца за децата“. Овие шарени балони, исполнети со убави желби и пораки, им беа подарени на најмалите ученици — нашите нови првачиња. Честитките се исполнети со искрена љубов и поддршка за новите членови на Детската организација, со желби …

Повеќе

Во низата планирани активности по повод Детската недела, денес во нашето училиште се реализираа и спортски активности

Физичката активност е неизбежен дел од детството, ја развива енергијата, тимскиот дух и здравите навики, а нашите ученици со насмевка и ентузијазам учествуваа во секоја игра

Повеќе

Детска недела 2025

Под мотото „Детето денес – иднината утре“, денес учениците од одделенска настава реализираа литературни работилници. Преку раскази, песни и стихови, нашите ученици ја изразија својата креативност, љубовта кон пишаниот збор и своите мисли за светот што ги опкружува. Нивните творби се потсетник дека детскиот глас е најискрен и највреден — …

Повеќе

Детска недела 2025

Под мотото „Детето денес – иднината утре“, денес во нашето училиште одделенските наставници заедно со учениците од одделенската настава реализираа ликовно-креативни работилници. Децата преку боите, цртежите и својата имагинација ја изразија љубовта, радоста и визијата за подобро утре. Нивните насмевки и креативност не потсетија дека токму тие се нашата најголема …

Повеќе

Во нашето училиште пристигнаа нови украсни корпи за отпадоци во форма на Мињони!

Со нив, одржувањето на хигиената ќе биде уште позабавно и поинтересно за учениците. На овој креативен начин сите ќе бидат мотивирани да ја чуваат околината чиста. Чистотата е одговорност на сите нас – а со вакви весели корпи таа станува навика со насмевка!

Повеќе

Денес (02.10.2025) во Домот на културата се реализираше предавање од страна на Црвен крст – Велес на тема: „Борба со болести од зависности“

Предавањето беше наменето за учениците од VI до IX одделение и траеше околу 40 минути. Учениците имаа можност да слушнат корисни информации и совети поврзани со превенција и заштита од зависности. Благодарност до Црвен крст – Велес за соработката и едукативното предавање.

Повеќе