Дома / Новости (страна 6)

Новости

По повод манифестацијата „Месецот на книгата“ оваа година, учениците имаа активност да ја напишат песната „Без јазик си никој и ништо“ од Видое Подгорец во калиграфија (краснопис). Од предадените дела беа избрани најуспешните ученици

1 место: Петар Златески – ученик од III-б одделение 2 место: Тамара Трајчева – ученичка од VIII одделение, ПУ с. Виничани 3 место: Тијана Лазова – ученичка од V – а одделение Учениците кои имаат освоено место ќе бидат свечено наградени на Патрониот празник на нашето училиште. Честитки, ви посакуваме …

Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици, Ве известуваме дека по повод Патрониот празник на нашето училиште (23.12.2025 г.) се распишува литературен конкурс на тема: „Нема сонце без светлина, ни човек без љубов“ Ве охрабруваме и оваа година, како и секогаш, на најкреативен начин да ја изразите вашата детска фантазија и уметнички дух. Творбите да …

Повеќе

Наши ученички учествуваа во традиционалната ликовна работилница по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Со многу креативност, другарство и позитивна енергија, тие создадоа прекрасни уметнички дела. Секој ден нека биде потсетник дека различностите се нашата сила и богатство.

Повеќе

За учениците од предметна настава беше одржано едукативно предавање на темите „Булинг“, „Сајбер насилство“, „Внимателност при користење на социјални мрежи“ и „ТикТок предизвици“.

Полицискиот службеник од МВР Велес, Ненад Колев ги запознаа учениците со овие појави, како и со ризиците и опасностите што можат да произлезат од нив. Со ваквите едукативни активности продолжуваме да ги поттикнуваме учениците да бидат информирани, одговорни и безбедни во секојдневната комуникација и онлајн просторот.

Повеќе

Денес нашите ученици од четврто и петто одделение од централното училиште, заедно со учениците од ПУ с. Ногаевци и ПУ с. Кочилари, имаа возбудлива и незаборавна можност да го проследат филмот „Злобната вештерка“ во 3D киното Киноверзум во Штип.

По проекцијата, учениците уживаа во прошетка и забава во Дино паркот, каде што одблиску ги разгледаа фигурите на диносаурусите и се забавуваа во прекрасна и едукативна атмосфера. Еден навистина убав и исполнет ден, полн со радост, дружење и нови искуства!

Повеќе

Посета на „Златно славејче“!

Денес учениците од II и III одделение од централното, како и учениците од ПУ с. Виничани и Водоврати, уживаа во прекрасното дружење, музика и детска радост на овој традиционален фестивал. Со многу насмевки, песна и позитивна енергија, децата ја почувствуваа магијата на „Златно славејче“ и се вратија дома со незаборавни …

Повеќе

По повод Денот на училиштето на ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, беше распишан литературен конкурс по англиски јазик на тема:

“LANGUAGE IS NOT A WALL THAT SEPARATES, BUT A BRIDGE THAT CONNECTS” Нашиот ученик Александар Пановски од деветто одделение, под менторство на наставничката по англиски јазик Елизабета Камчева, учествуваше на конкурсот и ја освои Првата награда Честитки за Александар и неговата менторка

Повеќе

Љубопитната принцеза – претстава полна авантура и поука!

Денес учениците од одделенска настава уживаа во волшебната претстава „Љубопитната принцеза“ приказна со хумор, магија и важна порака за контрола на љубопитноста и носење одгоборни одлуки. Децата беа воодушевени од изведбата. Убаво е да се гледаат насмеани детските лица.

Повеќе

Успешно реализирана работилница со учениците од предметна настава на тема: Мито, Корупција и Антикорупција!

Денес заедно разговаравме за тоа што претставуваат мито и корупција, како влијаат врз општеството и зошто е важно секој од нас да ги препознае и да реагира. Учениците преку интерактивни активности, примери и дискусии научија како да градат личен интегритет и да поттикнуваат фер и праведна средина. Заедно создаваме генерации …

Повеќе

Денес учениците од VI, VII и IX одделение беа во посета на Природно-научниот музеј во Скопје, учениците од VIII одделение го посетија “Музејот на македонската борба за самостојност”

Еден убав, едукативен и инспиративен ден исполнет со нови знаења и искуства!

Повеќе