Дома / Новости (страна 4)

Новости

Честитки за нашата ученичка Катерина Димитрова!

Нашата ученичка Катерина Димитрова го освои второто место на литературниот конкурс на тема: „Цената на печалбарскиот живот“ Конкурсот беше организиран по повод патрониот празник на ООУ „Рајко Жинзифов“ – с. Оризари. Браво Катерина, ти посакуваме уште многу награди и инспиративни дела во иднина!

Повеќе

Со многу насмевки, креативност и радост, учениците од трето одделение го одбележаа празникот Св. Трифун преку цртежи, изработки и дружење. Во духот на традицијата и љубовта кон природата, тие испратија порака за заедништво, труд и позитивна енергија. Нека ни е честит празникот!

Повеќе

Изработка на релјеф на Република Северна Македонија

Учениците од 7 до 9 одделение во централното училиште и ПУ с. Виничани реализираа работилница – изработка на релјеф на Република Северна Македонија со глина и тесто. Преку практичната работа, учениците ги прикажаа: планините, котлините и рамнините реките и природните целини основните релјефни карактеристики на државата Активноста придонесе за подобро …

Повеќе

Со многу радост, насмевки и детска искреност, денес се реализираше новогодишната претстава на нашите најмали – првачињата

Тие нè поведоа на еден магичен час, заедно одбројувавме до новата година и си разменивме искрени желби за здравје, среќа и успеси! Домот на културата беше исполнет со топлина, смеа и празнична магија, а дечињата уште еднаш покажаа дека најубавите честитки доаѓаат од детско срце На сите им посакуваме среќни …

Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

По повод Патрониот празник на нашето училиште (23.12.2025 г.), беше распишан литературен конкурс на тема: ” Нема сонце без светлина, ни човек без љубов“ Со голема радост и гордост им се заблагодаруваме на сите ученици кои учествуваа и ја покажаа својата креативност, фантазија и уметнички дух. Добитници на наградите: 1 …

Повеќе

Честит Патронен празник на нашето училиште ООУ „Даме Груев“ – Градско!

Со гордост го одбележавме денот посветен на големиот македонски револуционер Даме Груев – симбол на знаењето, слободата и љубовта кон татковината. Со положување цвеќе на неговата спомен-плоча и со пригодна свечена програма во Домот на културата, во која настапија нашите талентирани ученици, ја продолживме традицијата и го чествувавме неговото наследство. …

Повеќе

Успешно се реализираше креативната работилница „Новогодишно дрво на различности“, во рамки на МИМО проектот, а по повод чествувањето на Патрониот празник

Работилницата се одржа преку заеднички активности со учениците од нашето партнер училиште ОУ „Страшо Пинѓур“ – с. Соколарци, каде преку креативна работа, дружење и соработка се промовираа различностите, меѓусебното почитување и тимскиот дух. Благодарност до сите ученици и наставници кои беа дел од оваа убава и инспиративна активност!

Повеќе

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник успешно беа реализирани спортски активности со заедничко учество на учениците од одделенска и предметна настава

Учениците имаа можност да учествуваат во различни спортски и тимски активности, со цел развивање на спортскиот дух, фер-плејот и тимската работа. Активностите поминаа во позитивна атмосфера, исполнета со дружење, смеа и натпреварувачки дух.

Повеќе