Денес учениците од четврто одделение од нашето училиште ја посетија Општина Градско и остварија пријатна и едукативна средба со Градоначалникот.
Во пријатна атмосфера, учениците имаа можност да дознаат повеќе за работата на локалната самоуправа, како функционира општината и кои се надлежностите на Градоначалникот и неговиот тим.
Градоначалникот со големо задоволство одговараше на нивните прашања, ги охрабри да бидат активни, одговорни и љубопитни граѓани!
Голема благодарност до Општина Градско и Градоначалникот за топлиот прием и поддршката!







ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште