Во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ – Градско, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес одржаа едукативни предавања за нашите ученици. Темите опфатија насилство во училиштата, сајбер булинг и безбедно користење на социјалните мрежи.
Учениците се запознаа со ризиците од насилно однесување, начините за заштита и последиците од ваквите појави. Посебен акцент беше ставен на внимателноста при користењето на социјалните мрежи и избегнување на штетни предизвици.
Продолжуваме со вакви активности за безбедна и поддржувачка училишна средина!



ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште