Добредојдовте во светот на знаењето и пријателството! Ви посакуваме секој ваш ден во училишните клупи да биде исполнет со насмевки, радост и нови откритија. Нека вашите мали срца бидат големи за љубов, дружба и добрина, а вашите умови љубопитни и отворени за нови знаења.
Храбро чекорете по патот на учењето – тој ќе ве води кон успеси и соништа што ќе ги исполните. Ние, вашите наставници и другари, сме тука да ве поддржиме, да ви помогнеме и да се радуваме на секој ваш чекор напред.
Со радост и гордост, ви посакуваме среќен почеток на ова прекрасно училишно патување!





















ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште