На шаховскиот турнир учествуваа 46 ученици од нашето училиште. Честитки до сите учесници за покажаните вештини и посебни честитки за победниците! Во Детскиот мини маратон учествуваа над 170 деца од ООУ „Даме Груев“ и детската градинка „Кокичиња“. Сите учесници добија медали, а најдобрите тркачи кои ги освоија првите три места …
ПовеќеЛитературен и ликовен конкурс: „Даме Груев – апостол и волја на револуционерна Македонија“
Драги ученици, љубители на уметноста и литературата, Со голема чест и задоволство, Ве покануваме да земете учество во нашиот литературен и ликовен конкурс посветен на ликот и делото на Даме Груев – еден од најзначајните апостоли на македонската револуционерна борба. Тема на конкурсот: „Даме Груев – апостол и волја на …
ПовеќеПредавање во реализација на Организација на жени “Женско лоби” од Демир Капија, како дел од проектот “Здружени и гласни против насилство врз жените”
Целта на овој проект е да се подигне јавната свест за проблемот со родово базирано насилство и да се намали бројот на случаи со насилство врз жените
ПовеќеПрво место за нашиот ученик Фатбарл Воца
По повод ,,3-Декември-Меѓународен ден на лицата со попреченост”, ОУРЦ ,,Маца Овчарова” организираше XXVIII Меѓународна ликовна работилница, на која традиционално нашето училиште зема учество. Оваа година нашето училиште го претставуваа учениците Лана Филипова од VIа одделение и Фатбарл Воца од IXa одделение, под менторство на наставникот по ликовно образование Сашко Арсовски. …
ПовеќеПрвонаградените IIб одделение
Ве покануваме во Светот на бајките
ПовеќеПо повод манифестацијата Месец на книгата, која нашето училиште традиционално ја одбележува секоја година, оваа учебна година нашите ученици, со поддршка од нивните наставници, ја одбележаа на поинаков начин
Секое одделение имаше за задача да осмисли некоја творба (ликовна изработка, изработка на презентација, нивна творба или креација….) на тема: „ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ“.Под менторство на своите наставници учениците активно се подготвуваа за одбележување на Месецот на книгата. Во текот на еден месец , тие истражувале на темата: „ВО СВЕТОТ …
ПовеќеПосета на “Златно славејче“
Учениците од второ и трето одделение имаа можност да присуствуваат на Детскиот фестивал “Златно славејче”. Учениците понесени од звуците на музичките рефрени со голем интерес го следеа фестивалот и уживаа во друштво со многу ученици од други училишта и новите музички ѕвезди. Целта на посетата е запознавање со значењето на …
ПовеќеНовоизбран ученички правобранител во ООУ”Даме Груев” е ученикот Александар Пановски од VIII одделение
За да се одреди што е најдобар интерес на детето, логично и неопходно е да се сослуша гласот на детето и неговите ставови да бидат сериозно сфатени и земени предвид. Честитки Александар, ти посакуваме многу успешна работа!
ПовеќеУчениците од VII одделение остварија посета на млекарата Млечен пат во Кавадарци. Изучувајќи ја темата “Улогата на микроорганизмите во процесот на произведување на храната”, имавме можност да го видиме процесот на добивање сирење и кашкавал.
Учениците со голем интерес и внимание ги следеа фазите во производствениот процес. Голема благодарност до млеката Млечен пат за убавиот пречек и гостопримливост
ПовеќеУчениците од деветто одделение под менторство на наставничката Лидија Гајдова подготвија прекрасен час по предметот Иновации на тема “Поим и значење на претприемништвото”
Целта на часот е учениците да стекнат знаења и вештини од претприемништвото, кои подоцна ќе го искористат тоа за личен и професионален напредок и подобрување на општествениот живот.
Повеќе
ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште