Дома / Новости (страна 12)

Новости

Посета на ХЕЦ Тиквеш – Учиме за електричната енергија!

Учениците од VIII одделение, во рамките на наставните содржини по физика, имаа можност одблиску да се запознаат со процесот на производство на електрична енергија при посетата на Хидроелектраната Тиквеш. Со големо внимание ги следеа објаснувањата на стручните лица за начинот на кој водата се претвора во електрична енергија и колку …

Повеќе

Состанок на Ученичкиот парламент

Во нашето училиште се одржа состанок на Ученичкиот парламент, каде што учениците дискутираа за важни прашања поврзани со училишната заедница. Дел од состанокот беше и презентацијата „Демократија во училиштето“, изработена од нашите ученици Тијана Сандев и Мила Мирчева. Преку оваа презентација, учениците имаа можност да дознаат повеќе за значењето на …

Повеќе

На ден 14.02.2025 во просториите на училиштето се одржа општински натпревар по биологија

На натпреварот учествуваа: Александар Пановски VIII одд Тијана Сандев IX одд Со својот одличен успех, двајцата ученици се пласираа на Регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 14.03.2025. Им посакуваме среќа и успех понатаму

Повеќе

Хуманоста на дело!

Со голема благодарност Ве известуваме дека средствата собрани на Хуманитарниот базар, организиран по повод Патрониот празник на нашето училиште, се веќе донирани! Благодарение на вашата несебична поддршка и ангажман, помогнавме на семејство на кое му беа неопходни средства за здравствени потреби. Да продолжиме да шириме добрина и солидарност!

Повеќе

Превентивна едукација за учениците на ООУ „Даме Груев“ – Градско

Во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ – Градско, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес одржаа едукативни предавања за нашите ученици. Темите опфатија насилство во училиштата, сајбер булинг и безбедно користење на социјалните мрежи. Учениците се запознаа со ризиците од насилно однесување, начините за заштита и последиците …

Повеќе

Општинскиот натпревар по математика, учениците од ООУ „Даме Груев“ ги покажаа следниве резултати:

Моника Митева (VIIб) – Пофалница Тијана Сандев (IX-а) – Пофалница Александар Пановски (VIII) – II награда Честитки за сите ученици и нивните ментори! Ви посакуваме успех понатаму!

Повеќе

По повод одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев – 4 февруари, Локалната библиотека организираше награден литературен конкурс на тема: „Моќта на книгата“

Со особена чест и гордост ви соопштуваме дека нашиот талентиран ученик Александар Пановски под менторство на наставничката Лидија Каратулкова, освои трето место со својата инспиративна творба. Честитки за Александар за неговата креативност, посветеност и љубов кон пишаниот збор! Нека ова биде поттик и за сите наши ученици да ја откријат …

Повеќе

Со гордост споделуваме убави вести од нашето училиште!

Три училници се целосно опремени со нови училишни клупи и столчиња, обезбедувајќи удобност и подобри услови за нашите ученици. Во шест училници од централното училиште и ПОУ с. Виничани се поставени инвертер клими, со што се обезбедуваат идеални услови за настава во текот на целата година. Овие подобрувања се резултат …

Повеќе

Огромна благодарност сакаме да упатиме до Јаско Делич и Анел Фијуљанин за нивната великодушност и несебична поддршка, донација на новогодишни пакетчиња за сите ученици во нашето училиште

Исто така, и благодарност до Тахир Реџепи, кој се погрижи за нашите најмали ученици првачињата, да ја почувствуваат магијата на новогодишните празници со донирање на новогодишни пакетчиња. Вашата поддршка и грижа за децата се од непроценливо значење и го прават празничниот период уште повесел и порадосен. Ви благодариме што ја …

Повеќе