Дома / Новости / По повод манифестацијата Месец на книгата, која нашето училиште традиционално ја одбележува секоја година, оваа учебна година нашите ученици, со поддршка од нивните наставници, ја одбележаа на поинаков начин

По повод манифестацијата Месец на книгата, која нашето училиште традиционално ја одбележува секоја година, оваа учебна година нашите ученици, со поддршка од нивните наставници, ја одбележаа на поинаков начин

Секое одделение имаше за задача да осмисли некоја творба (ликовна изработка, изработка на презентација, нивна творба или креација….) на тема: „ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ“.
Под менторство на своите наставници учениците активно се подготвуваа за одбележување на Месецот на книгата. Во текот на еден месец , тие истражувале на темата: „ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ“.
Учениците собрале многу познати мисли, поуки за книгата, за пишаниот збор, а исто така изработиле свои илустрации од омилените бајки, цитираа омилени цитати од познати автори и имаа опис од нивните омилени јунаци, а сето тоа го претставија на свој начин, кое претставуваше завршен продукт на нивната истражувачка работа.
Ученичките креации ги прегледа комисија ,која прегледувајќи ги изработките, се восхитуваше на детската имагинација. Иако комисијата имаше тешка задача, таа определи кои изработки се најдобри, а со тоа и наградени во оваа учебна година.
Наградени одделенија
1 место IIb одделенски раководител Трајана Дукова (25 поени)
2 место VIa одделенски раководител Катерина Петрушева (24 поени)
3 место VII Виничани одделенски раководител Силвана Цветкова (23 поени)
III одделение Градско и Водоврати (22 поени)
IVb Градско, I и II Виничани, IXb Градско (21 поени
IIa, IVa, V, VIIb Градско, VIII Виничани (20 поени)
III и V Виничани (18 поени)
VI Виничани (18 поени)
VIb Градско, IX Виничани (16 поени)
VIIa, IXa Градско (15 поени)
Честитки за наградените, но и за сите останати одделенија
Продолжете да работите уште повредно и мотивирано наши ученици

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

КУЌЕН РЕД

КУЌЕН-РЕДПреземи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *