Најмалите ученици со своите изведби донесоа радост и топлина, додека празничниот дух се чувствуваше во секој миг. Ви благодариме што бевте дел од нашата програма и што ја споделивте празничната радост со нас! Со голема љубов ги поздравуваме сите и ви посакуваме среќни празници! Нека Новата година биде полна со …
ПовеќеКреативноста и грижата за заедницата на дело!
По повод Патрониот празник на нашето училиште, Еко-клубот организираше креативна работилница за изработка на новогодишни честитки. Со многу љубов и посветеност, нашите ученици изработија честитки кои потоа ги поделија на локалните граѓани, здруженија и институции во општината. Со овој мал, но значаен гест, пренесовме порака за среќа, сплотеност и добрина, …
ПовеќеЧестит Патронен празник на ООУ „Даме Груев“!
Со гордост и почит го одбележавме денот посветен на големиот револуционер Даме Груев – симбол на храброста, борбата и љубовта кон татковината. Со положување цвеќе на неговата спомен-плоча, со пригодна програма во Домот на културата, програма на нашите талентирани ученици, ја продолжуваме традицијата на одбележување на неговото наследство. Благодарност до …
ПовеќеСо гордост најавуваме!
Почитувани родители, баби и дедовци, Со голема чест и задоволство Ве покануваме на нашата новогодишна приредба! Датум: 26.12.2024 (четврток) Време: 16:00 часот Место: Домот на културата “Крсте Петков Мисирков” Настанот ќе го организираат учениците од I одделение, заедно со своите наставнички Маја Ефтимова и Соња Коруновска. Дојдете да ја споделиме …
ПовеќеПосета на Собранието на Република Северна Македонија!
Нашите ученици имаа привилегијата да го посетат македонското Собрание и одблиску да се запознаат со работата на законодавната власт и политичките процеси. Целта на посетата: Продлабочување на знаењето за државните институции и демократијата, со што ќе им помогнеме на учениците да станат поинформирани и активни граѓани!
ПовеќеСо голема чест и задоволство Ве покануваме на нашата свечена програма по повод Патрониот празник на ООУ „ Даме Груев “
23.12.2024 год . ( понеделник ) 16.00 часот Домот на културата „ Крсте Петков Мисирков “ – Градско
ПовеќеКвиз натпревар по повод Патрониот празник
Денес, учениците од IX одделение на Централното училиште и ПОУ с. Виничани учествуваа во квиз натпревар, организиран од Природно-математичкиот актив. Целта на квизот е да се поттикне интелектуалниот развој на учениците, но и да се развие духот на пријателска конкуренција и тимска работа.
ПовеќеКреативна работилница – Еко клубот од нашето училиште
Во соработка со ученици од ООУ „Пере Тошев“ – Росоман, одржавме една весела и креативна работилница по повод Патрониот празник на нашето училиште! Учениците на Еко клубот изработуваа новогодишни честитки и украси, полни со топлина и љубов. Од изработените креации испративме поздрав до училиштето гостин и нивната директорка Преку оваа …
ПовеќеСпортски активности по повод Патрониот празник на училиштето!
Денес, во рамките на прославата на Патрониот празник на нашето училиште, организирани беа различни спортски активности и игри во кои учествуваа ученици од различни возрасти. Учениците се натпреваруваа во пинг понг, футсал и влечење со јаже, а исто така беа реализирани и други спортски активности како кошарка, фудбал и штафетни …
ПовеќеИсториска работилница: „Даме Груев – апостол и волја на револуционерна Македонија“
Во чест на Патрониот празник на нашето училиште, денес се одржа историска работилница посветена на животот и делото на Даме Груев, еден од најзначајните револуционери во борбата за слобода на Р.С.Македонија. Учениците изготвија презентација која го осветли животот, делото и наследството на Даме Груев. Работилницата беше одлична можност за учениците …
Повеќе
ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште