По повод Патрониот празник на нашето училиште, Еко-клубот организираше креативна работилница за изработка на новогодишни честитки. Со многу љубов и посветеност, нашите ученици изработија честитки кои потоа ги поделија на локалните граѓани, здруженија и институции во општината.
Со овој мал, но значаен гест, пренесовме порака за среќа, сплотеност и добрина, покажувајќи дека традицијата и заедницата се срцето на нашето училиште.
Благодарност до сите ученици и наставници што со својата креативност го збогатија духот на празникот!







ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште