Театарот е волшебна уметност која останува, опстојува и пркоси на просторот и времето, поддржува храбри, авангардни и креативни идеи. Театарот е отворена врата за секоја нова генерација која се стреми да се надградува, да открива…Затоа младите генерации уште од најраната возраст треба да се збогатат со театарската уметност која го менува нивниот живот во сите сегменти.
Од тие причини нашите ученици имаат можност многу често со задоволство да следат театарски претстави.
Денес нашите учениците од одделенска настава ја проследија премиерата на детска претстава “Црвенкапа и шумскиот судија” на Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.














ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште