ЕДУКАЦИЈА ЗА БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ![]()
Во просториите на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско се одржа едукација за борба против болести на зависност.
На истата присутни беа учениците од осмо и деветто одделение при ООУ „Даме Груев“.
Учениците слушнаа за сите последици и негативни влијанија кои ги има употребата на цигарите, алкохолот и дрогата.
Едукативното предавање го изведоа сертифицирани врскички едукатори од Црвен крст на РСМ Општина организација Велес





ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште