Дома / Uncategorized / Извештај од реализирана активност

Извештај од реализирана активност

По повод 22ри април,Денот на планетата земја,во нашето училиште беа реализирани низа бројни активности,во кои учество земаа сите ученици.наставници,стручна служба и технички персонал.

За таа цел учениците од VI до IX одд.од централното училиште „Даме Груев“-Градско,заедно со нивните класни раководители,земаа активно учество во чистење на училниците и училишниот двор.

Учениците членови на Еко одборот изработија еко пораки под мото„Немаме резервна планета“,со цел да се спречи уништувањето  на планетата Земја и естото каде живееме и функционираме.

Учениците од I до Vодд.кои во претходниот период имаа изработено уметнички дела заедно со нивните одделенски раководители на тема: Електрични апарати во домаќинството,истите ги изложија во училишниот хол,каде имаше и тајно гласање од страна на сите ученици од нашето училиште ,сите наставници,службата и техничкиот персонал,се одбраа најдобрите три кои ќе учествуваат на годишниот конкурс организиран од Еко пакет кој ќе се одржи во мај.

Учениците од II до IX заедно со нивните класни раководители од ПОУ„Даме Груев“ с.Виничани направија  украсување на  стари автомобилски гуми нивно боење и фарбање,поставување во училишниот двор и засадување со цвекиња,со цел подигање на свеста кај учениците наставниците и пошироката јавност за реупотреба на стари гуми а не нивно горење и расфрлање насекаде.

Во прилог ви испраќаме и неколку фотографии како доказ од реализираните активности.

За Систем Администратор

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *