Дома / Новости / ПРОГРАМА ЗА ОРГАНИЗИРАНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО-НАСТАВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 9 ОДД. ВО УЧЕБНАТА 2017 – 2018 ГОД

ПРОГРАМА ЗА ОРГАНИЗИРАНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО-НАСТАВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 9 ОДД. ВО УЧЕБНАТА 2017 – 2018 ГОД

Врз основа на Годишната програма за работа на училиштето при ООУ ,,Даме Груев,, – Градско одговорниот наставник ја изготви следнава

ПРОГРАМА ЗА ОРГАНИЗИРАНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО-НАСТАВНА ЕКСКУРЗИЈА  ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 9 ОДД. ВО УЧЕБНАТА 2017 – 2018 ГОД.

 

РЕЛАЦИЈА:  ГРАДСКО – ТЕТОВО – СТРУГА – ОХРИД – БИТОЛА –  ГРАДСКО

 

ООУ ,,ДАМЕ ГРУЕВ,, – ГРАДСКО

 

 

ВОСПИТНО ОБРАЗОВНА ЦЕЛ:

  • Проширување на знаењата од претходно изучениот материјал
  • Совладување на одредени поими преку непосреден увид
  • Примена на вештини и ставови преку непосредно запознавање на појавите, како и односи во природата и општествената средина
  • Разгледување на природни богатства, културно-историските знаменитости, верски објекти, земјоделските површини, индустриски капацитети.

 

ЗАДАЧИ:

  • Развивање интерес за природата и градење еколошки навики
  • Запознавање на културата и начинот на живеење на луѓето во одредени краеви на Р. Македонија
  • Градење чувство на толеранција и соживот
  • Развивање позитивен однос кон: националните, културните и естетските вредности
  • Поттикнување и манифестирање на позитивни емоции
  • Социјализација, колективна заштита, стекнување на искуство за осамостојување и грижа за себе

 

 

СОДРЖИНИ И АКТИВНОСТИ:

  • Посета на градот Тетово и верскиот објект Шарена џамија
  • Посета на Мавровско езеро и пештерата Шаркова дупка
  • Посета на манастирот Св. Јован Бигорски
  • Посета на ХЕЦ- Шпиље
  • Посета на с.Вевчани и вевчанските извори
  • Посета на градот Струга и сместување во хотел
  • Посета на градот Охрид, разгледување на црквата – Св.Софија, античкиот амфитеатар, Самоиловата тврдина, црквата Плаошник, разгледување на градот – чаршијата
  • Посета на манастирот Св. Наум
  • Посета на градот Битола

 

РАКОВОДИТЕЛ, НАСТАВНИЦИ И УЧЕНИЦИ:

  • Раководител: Оливер Димов
  • Наставници (одделенски раководители):
    • Оливер Димов – 9 одд. – Градско
    • Синан Сијамиќ – 9 одд. – Виничани
  • Ученици: од 9 одд.
  • Родител
  • Лекар
  • Туристички водич

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:

  • Дводневна екскурзија

 

ЛОКАЦИИ НА ПОСЕТА И ПРАВЦИ НА ПАТУВАЊЕ:

  • Прв ден:
  • 00 часот- тргнување од Градско
  • Градско – Скопје – Тетово
  • Ќе се посети Тетово – Шарена џамија, Маврово – вештачкото езеро Изворот – Вруток, кањонот – Радика, манастирот – Св.Јован Бигорски, ХЕЦ – Шпиље
  • 00 часот – Ручек во Вевчани, после ручекот разгледување на Вевчанските извори
  • Сместување во хотел во Струга, одмор
  • 00 часот – вечера
  • По вечерата заедничко дружење

 

  • Втор ден:
  • 00 часот – доручек
  • По доручекот следува посета на природно – научниот музеј, куќата на браќата Миладиновци
  • Продолжување за Охрид и разгледување на црквата – Св.Софија, античкиот амфитеатар, Самоиловата тврдина, црквата Плаошник, разгледување на градот – чаршијата
  • 00 часот ручек
  • По ручекот разгледување на Св.Наум
  • 00 часот тргнување за Битола
  • Во попладневните часови тргнување за Градско

 

 

ТЕХНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА:

  • Превоз преку туристичка агенција, со автобус, која ги задоволува законските нормативи за превоз на ученици

 

НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ:

  • Самофинасирање од страна на учениците

За Систем Администратор

Провери

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО “ООУ ДАМЕ ГРУЕВ” ГРАДСКО

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО “ООУ ДАМЕ ГРУЕВ” ГРАДСКО Предавање за сите вработени …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *