Дома / Новости

Новости

На ден 09.2.2024 год во нашето училиште, се одржа општинскиот натпревар по физика

На ден 09.2.2024 год во нашето училиште, се одржа општинскиот натпревар по физика. Учениците Андреј Петровски и Матеј Колев освоија бодови со кои се пласираат на регоналниот натпревар кој ќе да се одржи на 06.4.2024 година. Честитки ученици, ви посакуваме многу успех на регионалниот натпревар.

Повеќе

Општински натпревар по МАТЕМАТИКА

На ден 02.02.2024 година во ООУ „Даме Груев “-Градско се одржа Општински натпревар по МАТЕМАТИКА. За на регионален натпревар се пласираа следниве ученици: Стефани Арсова Матеј Будимов Емин Тутиќ Моника Митева Александар Пановски Ана Коцева Матеј Колев Андреј Петровски Честитки за учениците и нивните ментори, им посакуваме многу успех на …

Повеќе

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. Дел од таа свеченост беа и ученици од нашето училиште кои беа наградени со следните награди: Прва награда за литературниот конкурс на тема :”Читањето е сонување со отворени очи” – награден ученик е Давид Трајковски …

Повеќе

Нека новата 2024г. ви донесе многу среќа,радост, љубов и успеси!

Нека секој ден во Новата ви биде посебен и успешен! Од се срце ве поздравуваме, искрено сето ова ви го посакуваме ние учениците од драмско- ритмичката секција и бескрајно ви се заблагодаруваме на вашето ценето присуство на нашата скромна приредба Ве сакаме

Повеќе

Среќна Нова 2024 година

За крај, оваа година ја заокруживме со доделување на 29 ваучери од по 1000 денари, и пакетчиња со храна на ученици од нашето училиште. Средствата и храната беа собрани во Хуманитарната акција по повод Патрониот празник и Хуманитарните базари по повод Денот на општината и Патронот. Драги ученици, наставници, родители, …

Повеќе

Сакаме да упатиме огрoмна благодарност до господинот Aнел Фијуљанин за покажаната несебична хуманост, и за неговата желба да ги развесели сите ученици од 1 до 9 одделение во нашето училиште

Секое дете заслужува насмевка на лицето во магичните празнични денови.

Повеќе