Драги ученици и наставници,
Ве известуваме дека до 15 ноември трае манифестацијата „Месец на книгата“.
Нашето училиште, оваа учебна година, по повод Месецот на книгата, се одлучи за калиграфско пишување (краснопис) на песната „Без јазик си никој и ништо“ од Видое Подгорец.
Песната треба да биде напишана со ракописни, кирилични букви, со краснопис. На крајот од творбата, ученикот треба да се потпише со шифра. Истата шифра треба да ја задржи за идентификација на својата творба.
Право на учество имаат сите ученици од второ до деветто одделение.
Рок за доставување: до 17 ноември 2025 година, во просториите на стручната служба.
Ве охрабруваме сите да учествувате и да го покажете вашиот талент и љубов кон пишаниот збор!
ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште