Денес, нашето училиште со голема енергија и посветеност учествуваше во пролетната еко-акција „Генералка викенд“!
Наставниците заедно со учениците реализираа практични активности од прирачниците – во училници, во училишниот двор. Учевме, се забавувавме и придонесовме за почиста и поздрава средина!
Акцијата беше дел од националната иницијатива, а нашите ученици покажаа одговорност, креативност и одлична соработка!
Изработивме експерименти, сортиравме отпад, садевме растенија и учевме преку игра.
Горди сме што бевме дел од оваа еко-едукација и ве охрабруваме и понатаму да го негуваме духот на чиста животна средина!




















ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште