Денес дворот на нашето училиште се исполни со насмевки, топлина и хуманост, го одржавме Хуманитарениот Велигденски хепенинг, каде преку велигденски базар со рачно изработени украси, со голема љубов собиравме средства за настраданите во Кочани.
Голема благодарност до сите ученици, наставници, родители, како и до најмалите учесници – дечињата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“, кои со своето присуство и насмевки го направија настанот уште поволшебен!
Нашите вредни ученици и вработени подготвија уникатни велигденски украси, кои со љубов беа понудени на базарот.
Настанот беше збогатен и со забавни игри, Easter Egg Hunt, Easter Bunny Hop, Easter Egg Race.
Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа хуманитарна приказна и што покажавте дека солидарноста, љубовта и добрината се сè уште живи меѓу нас!
Христос Воскресе!
Нека Велигден ви донесе мир, љубов, здравје и благосостојба во вашите домови!

























ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште