Секое одделение имаше за задача да осмисли некоја творба (ликовна изработка, изработка на презентација, нивна творба или креација….) на тема: „ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ“.
Под менторство на своите наставници учениците активно се подготвуваа за одбележување на Месецот на книгата. Во текот на еден месец , тие истражувале на темата: „ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ“.
Учениците собрале многу познати мисли, поуки за книгата, за пишаниот збор, а исто така изработиле свои илустрации од омилените бајки, цитираа омилени цитати од познати автори и имаа опис од нивните омилени јунаци, а сето тоа го претставија на свој начин, кое претставуваше завршен продукт на нивната истражувачка работа.
Ученичките креации ги прегледа комисија ,која прегледувајќи ги изработките, се восхитуваше на детската имагинација. Иако комисијата имаше тешка задача, таа определи кои изработки се најдобри, а со тоа и наградени во оваа учебна година.
Наградени одделенија
1 место IIb одделенски раководител Трајана Дукова (25 поени)
2 место VIa одделенски раководител Катерина Петрушева (24 поени)
3 место VII Виничани одделенски раководител Силвана Цветкова (23 поени)
III одделение Градско и Водоврати (22 поени)
IVb Градско, I и II Виничани, IXb Градско (21 поени
IIa, IVa, V, VIIb Градско, VIII Виничани (20 поени)
III и V Виничани (18 поени)
VI Виничани (18 поени)
VIb Градско, IX Виничани (16 поени)
VIIa, IXa Градско (15 поени)
Честитки за наградените, но и за сите останати одделенија
Продолжете да работите уште повредно и мотивирано наши ученици






























ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште