Целосно развиено образование за правата на децата значи дека сите членови на училишната заедница добиваат едукација за правата на детето.
Конвенцијата служи како рамка за вредности за животот и функционирањето на училиштето или образовната институција и за напорите за промовирање на попозитивна училишна клима и училишна култура за учење.
Основно верување во образованието за правата на децата е дека кога децата учат за своите основни човекови права, ова учење служи како важна основа за нивно пошироко разбирање и поддршка на човековите права.
За таа цел денес нашите ученици преку различни активности се запознаа со одредбите од Конвенцијата за правата на децата.













ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште