Во рамките на активностите по повод Патрониот празник, учениците од петто одделение учествуваа во едукативна и забавна еко-игра „Погоди го поимот“, организирана од Еко клубот, со цел поттикнување и развивање на еколошката свест преку интерактивна игра.
Преку тимска работа, забава и активно учество, учениците ги проширија своите знаења за заштитата на животната средина, важноста на рециклирањето и грижата за природата, градејќи позитивни еколошки навики уште од најмала возраст.









ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште