За крај, оваа година ја заокруживме со доделување на 29 ваучери од по 1000 денари, и пакетчиња со храна на ученици од нашето училиште.
Средствата и храната беа собрани во Хуманитарната акција по повод Патрониот празник и Хуманитарните базари по повод Денот на општината и Патронот.
Драги ученици, наставници, родители, драги пријатели на нашето училиште!
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници Ви посакуваме многу здравје, успех, љубов и радост во Новата година. Да ја испратиме со насмевка годината што помина, и да ја дочекаме новата со поубави и поголеми желби и надежи.


ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште