Дома / Новости / Работилница на тема „ Врсничко насилство – причини и последици“

Работилница на тема „ Врсничко насилство – причини и последици“

‼️Врсничкото насилство е проблем на современото општество кој е неопходно да биде решаван на соодветен начин. Покрај тоа неопходна е советодавна едукација и грижа за менталното здравје на учениците како истото би го превенирале.

➡️Денес во нашето училиште заврши и втората од двете работилници на тема „ Врсничко насилство – причини и последици“, реализирани од страна на м-р Атанас Иваноски, лиценциран психолог и РЕ и КБТ психотерапевт во едукација и под супервизија.

➡️Во текот на вчерашниот ден беше реализирана работилница со учениците ид VI и VII одделение од централното и подрачното училиште во с.Виничани.

➡️Денес се реализираше работилница со учениците од VIII и IX одделение од централното и подрачното училиште во с.Виничани.

‼️Целта на работилниците беше учениците да се запознаат со причините или мотиваците кои насилникот ги има и кои го поттикнуваат за да го спроведува (манифестира) насилството, како и последиците ( физички, психички, социјални) кои може да ги остави врз жртвата, но и со начините на кои може да реагираат сведоци на такви ситуации.

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Хуманоста пред сè!

Учениците од нашето училиште кои се членови во Драмската секција на ден 21.3.2024 година во …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *