Дома / Новости / ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ ВО ВЕЛЕС

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“ ВО ВЕЛЕС

На 24.10.2018г. во просториите на јавната локална библиотека во Велес се одржа традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“ за учениците од основното образование.

Целта на натпреварот е промовирање на љубовта кон книгата како неисцрпен извор на знаење и промовирање на библиотекарството како дел од науката за чување,собирање,промовирање и архивирање на книгите.
Нашето училиште на овој натпревар учествуваа со две ученички:Тамара Иванова и Ангела Кузманова,ученички од осмо одделение при нашето централно училиште.

На натпреварот ученичката Ангела Кузманова го освои второто место,додека ученичката Тамара Иванова го освои првото место.Ученичката Тамара Иванова го продолжува своето учество на натпреварите со учество на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ во Деми Хисар кој ќе се одржи на 16.11.2018 година

За Систем Администратор

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *