Дома / Новости / ИЗВЕШТАЈ ОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА ОД ООУ„ДАМЕ ГРУЕВ“-ГРАДСКО

ИЗВЕШТАЈ ОД МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА ОД ООУ„ДАМЕ ГРУЕВ“-ГРАДСКО

Од 15 Октомври до 15 Ноември во нашето училиште се одбележа месецот на книгата.Оваа манифестација стана веќе традиција во нашето училиште и се одржува веќе седма година. Како и секоја година и оваа година се одржа и литературниот и ликовниот конкурс на тема: „ Моето добро дело“  за учениците од второ до петто одделение и „Хуманоста не познава граници“ за учениците од шесто до деветто одделение.За литературниот конкурс имаше доставено 30-тина состави и дваесетина цртежи за ликовниот конкурс. Наградени ученици од литературниот конкурс се: -за учениците од шесто до деветто одделение: 1-то место го освои ученичката од деветто одделение АНГЕЛА НАСТОВА; 2-то место го освои ученичката од шесто одделение СТЕФАНИЈА КУЗМАНОВА; 3-то место го освои ученичката од седмо одделение ДРАГАНА ЉОМОВА. -Наградени ученици за литературниот конкурс за учениците од второ до петто одделение се: 1-то место го освои ученичката МАРИЈА БУДИМОВА од трето одделение; 2-то место го освои ученичката ГАБРИЕЛА МАРКОВА од четврто одделение;
-3-то место го освои ученикот КОНСТАДИН ЛАЗОВ од трето одделение.
-Наградени ученици за ликовниот конкурс за учениците од второ до деветто одделение се:
1-то место го освои ученичката МАРИЈА БЕШОВСКА од трето одделение;
2-то место ученичката АНАСТАСИЈА КАВАЗОВА од второ одделение  ;
3-то место го освои ученикот ДАВИД ТОШЕВ од трето одделение.
Награденитеученици добија соодветни награди(книги-лектири и прибор за цртање) и дипломи заучеството и освоеното место на месецот на книгата.

За Систем Администратор

Провери

Градската библиотека “Гоце Делчев” – Велес, го одбележа својот патронен празник,152 години од раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

По тој повод во библиотеката се одржа пригодна програма на која се доделија многубројни награди. …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *