Дома / Е-НАСТАВА / 8 - МО ОДДЕЛЕНИЕ / ИСТОРИЈА ЗА 8 МО ОДД. / Положбата во Македонија по Востанието

Положбата во Македонија по Востанието

Активности за периодот од: 20.04-24.04

Цели: учениците да знаат за

  • последиците повостанието
  • ставот на големите сили кон пложбата во Македонија?
  • туѓите пропаганди во Македонија ?
  • кога бил одржан општиот Конгрес на ТМОРО и каде ?
  • кои одлуки биле донесени на овој Конгрес 

,,Маките на татковината се поголеми од сите страдања на секоја наша мајка.И јас ,без ни најмалку да те навредам,се чувствувам повеќе син на втората моја мајка-Македонија,отколку на тебе што си ме родила.Те молам-во името,пак,на моите свети чувства кон тебе-да не жалиш ни да плачеш за мене.Најзадоволен ќе се чуствувам,ако ти со своето држење бидеш пример на другите мајки и сопруги,, Христо Узунов

(од писмото до мајка му,испратено од битолскиот затвор)

Карта со туѓите пропаганди во Македонија

За домашно: одговорете на следниве прашања:

1. Какви биле последиците од Илинденското востание по Македонија и Македонскиот народ ?

2.Штои предлагаа големите сили на Турција за Македонија ?

3. Кои страни пропаганди делувале во Македонија ?

4. Какво било нивното влијание врз Македонскиот народ ?

5.Кога и каде бил одржан општиот Конгрес на ТМОРО ?

6. Кои промени настанаа во организацијата ?


Да не се лажиме, Деспоте, националниот дух у Македониа до такво дередже денеска је стигнал, штото и сам Исус Христос ако слезит от небоно неможит да го уверит Македонеца, оти је блгарин или србин, освен оние Македонци у кои веке пропагандата блгарска се имат вкоренено. За да се увериш ти во ова нешчо требит да земеш блгаризма пред очи. Блгарската пропаганда ево веке се чинеет 20 години, каде работат у Македонија, во најслепите времина, кога грцизмот – сосвем чужда нациа, беше зафатил да се фкоренвит во срцето Македонско; и Македонците кога видоа зрак от славјанизам, фрлиа се, као слепи во пазуите му, без да пулеет на разликата му. Стигаше за ними шчо се откинаа от грцизмот. Но шчо да чинат сега т.ј. после двадесет години блгарски маки, акимлаци и немилосни парични жертви?
[16]
Писмо на Темко Попов од 1888 година (објаснување за странските пропаганди во Македонија )

Одговорите на прашањата да се испратат на nackovkiro@gmail.com

За Киро Нацков

Наставник по Историја, Граѓанско образование, Етика, Иновации.

Провери

Повторување за Македонија во балканските војни , Македонија во веремето на Младотурската револуција и Афирмација на националната мисла за создавање на Македонска држава

Активности за периодот од: 18.05-22.05 Цели: учениците да знаат за Учеството на македонците во Првата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.