Активности за периодот од: 11.05-.15.05
Цели: за учениците – утврдување на веќе стекнатите знаења. Да знаат за:
Ширењето на Христијанството во Македонија
Престолот на Апостол Павле во Македонија
Центрите на христијанството во Македонија
Ширењето на христијанството во Илирик

апостол Павле се наоѓал во Троада, му се јавил на сон „еден Македонец“, кој го молел велејќи: „Премини во Македонија и помогни ни!“ (Дела Ап. 16, 9). Народот кој пред неколку векови, штитејќи ја Европа се кренал против Азија и со силата на своето оружје истата ја покорил, сега самиот го повикува светиот апостол Павле, за да ја донесе во Македонија добрата вест што се родила во Азија, и апостолот Павле веднаш се одзвал на македонскиот повик. Уште истиот ден тој и неговите сопатници и блиски соработници, кои, како што спомнавме, го придружувале при неговите мисионерски патувања – Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле во градот Филипи (Дела Ап. 16, 11-12), кој се наоѓал на 15 километри од брегот на Егејското Море.
За домашно
1. Каде најпрво започнало да се шири христијанството на Балканот ?
2. Во кои градови проповедал Апостол Павле во Македонија ?
3. Каде биле изградени храмови во Македонија за прповед христијанството ?
4. Каде заминал Апостол Павле од Македонија за да го шири христијанството ?
5. Во средината на I век каде почнало да се шири христијанството ?
Одговорите пратете ги на nackovkiro@gmail.com