Дома / Новости / ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИК!

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИК!

ООУ „Даме Груев“ објавува повик за избор на ученички правобранител и заменик на ученичкиот правобранител.

‼️Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).

1️⃣УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

🔹️Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7, 8 или 9 одделение.

🔹️Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 6, 7 и 8 одделение.

2️⃣ НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

🔸️Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.

🔸️Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко-психолошката служба во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко-психолошката служба.

🔸️Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.

‼️Краен рок за поднесување на документите: 3.11.2023година.

3️⃣ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

▪️Избор за ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 до 9 одделение според следните

критериуми:

– пол,

– возраст,

– основно познавање на детските права,

– мотивација за пријавувањето,

– комуникациски и организациски способности,

– етничка припадност,

– претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.

4️⃣ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици:

• учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на

педагошко-психолошката служба (тимот за поддршка на ученичко учество);

• промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;

• прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и

обезбедување заштита за почитување на детските права);

• редовна комуникација и координација со педагошко-психолошката служба.

Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

Општинското основно училиште “Даме Груев”, врз основа на Правилникот за пофалби и награди на учениците распишува

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *