Врз основа на Годишната програма за работа на училиштето при ООУ ,,Даме Груев,, – Градско одговорниот наставник ја изготви следнава
ПРОГРАМА ОРГАНИЗИРАНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО-НАСТАВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 3 ОДД. ВО УЧЕБНАТА 2017 – 2018 ГОД.
РЕЛАЦИЈА: ГРАДСКО – ТЕТОВО – БРВЕНИЦА – ГРАДСКО
ВОСПИТНО ОБРАЗОВНА ЦЕЛ:
- Проширување на знаењата од претходно изучениот материјал
- Совладување на одредени поими преку непосреден увид
- Примена на вештини и ставови преку непосредно запознавање на појавите, како и односи во природата и општествената средина
- Разгледување на природни богатства, културно-историските знаменитости, земјоделските површини, индустриски капацитети
ЗАДАЧИ:
- Развивање интерес за природата и градење еколошки навики
- Запознавање на културата и начинот на живеење на луѓето во одредени краеви на Р. Македонија
- Градење чувство на толеранција и соживот
- Развивање позитивен однос кон: националните, културните и естетските вредности
- Поттикнување и манифестирање на позитивни емоции
- Социјализација, колективна заштита, стекнување на искуство за осамостојување и грижа за себе
СОДРЖИНИ И АКТИВНОСТИ:
- Посета на градот Тетово тетовското кале и верскиот објект Шарена џамија
- Посета на с. Брвеница
- Посета по можност (доколку не примат) во фабриката Тетекс – Тетово
РАКОВОДИТЕЛ, НАСТАВНИЦИ И УЧЕНИЦИ:
- Раководител: Мара Аризанова
- Наставници (одделенски раководители):
- Мара Аризанова – 3 одд. – Градско
- Ибро Фиуљанин – 3 одд. – Градско
- Ивана Николова – 3 одд. Виничани
- Садри Сезалари – 3 одд. Кочилари
- Ханифија Фиуљанин – 3 одд. Водоврати
- Невенка Николова – 3 одд. Ногаевци
- родител
- Ученици: од 3 одд.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
- Еднодневна екскурзија месец Мај
ЛОКАЦИИ НА ПОСЕТА И ПРАВЦИ НА ПАТУВАЊЕ:
- Во текот на екскурзијата ќе се посетат градот Тетово, тетовското кале, Шарена џамија во Тетово и с. Брвеница тетовско.
- Тргнување од Градско во 08.00 часот, пристигнување во Тетово во 10.00 часот. Од 10.00 часот до 12.00 часот во Тетово, со посета на центарот на градот, Шарена џамија и тетовското кале Посета на фабриката (доколку не примат) во фабриката Тетекс – Тетово. Тргнување од тетово за Брвеница во 13.00 часот. Разгледување на с. Брвеница. Тргнување за Градско во попладневните часови.
ТЕХНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА:
- Превоз преку туристичка агенција, со автобус, која ги задоволува законските нормативи за превоз на ученици
НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ:
- Самофинасирање од страна на учениците