Дома / Е-НАСТАВА / 9 - ТО ОДДЕЛЕНИЕ / ИСТОРИЈА ЗА 9 ТО ОДД. / Македонската православна црква

Македонската православна црква

Активности за периодот од: 11.05-15.05

Цели: учениците да знаат за

  • Процесот на осамостојувањето на МПЦ
  • Кога и каде е донесена конечната одлука за прогласување на афтокефалноста на МПЦ како наследнчка на Охридската архиепископија
  • Организацијата и функционирањето на МПЦ
Грб на Македонска Православна архиепископија

Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална архиепископија, во достоинство на патријаршија, а подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, сè до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан Мустафа III, а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија.

Македонскиот крст,Крстот од Вељуса

Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци бил создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската православна црква

 Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година, во Охрид, го свикал Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква Св. Климент ја прогласил Македонската православна црква за автокефална. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква бил извршен на Светата архијерејска литургија, отслужена во црквата Св. Богородица Перивлепта (тогаш позната и како Св. Климент) на 19 јули 1967 година, од Светиот архијерејски синод на МПЦ.

За домашно

1. Кога е формирано Верското поверенство при Главниот штаб на НОВ ?

2.Кога и каде е формиран Иницијативниот одбор за организирање на црковниот живот во Македонија ?

3. Кога и каде е одржан првиот народен собор ?

4. Кои одлуки беа донесени на тој народен собор ?

5. Кога и каде е одржан вториот народен собор ?

6. Кој е првиот македонски архиепископ ?

7. Кога и каде е одржан третиот народен собор ?

8. Колку епархии има надвор од Република Македонија ?

9. Каква е соработката на МПЦ со другите верски заедници

Одговорите пратете ги на nackovkiro@gmail.com

За Киро Нацков

Наставник по Историја, Граѓанско образование, Етика, Иновации.

Провери

Повторување за : Образованието, науката и култтурата

Активности за периодот од: 18.05-22.05 Цели: утврдување на веќе стекнатите знаења; учениците да знаат за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.