Дома / Новости / ИЗВЕШТАЈ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС:„Убавината низ очите на љубовта“ ОД ОСУ„ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“-ВЕЛЕС

ИЗВЕШТАЈ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС:„Убавината низ очите на љубовта“ ОД ОСУ„ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“-ВЕЛЕС

На покана од ОСУ „Јовче Тесличков“-Велес,нашето училиште учествуваше на литературниот конкурс на тема:„Убавината низ очите на љубовта“.Литературниот конкурс започна од 02.02.2018 година и траеше до 22.02.2018г.Овој литературен конкурс е во склоп на оранизацијата „Љубовна чајанка“,која традиционално ова училиште ја одржува веќе пет години по ред.На овој литературен конкурс,учениците можеа да творат,освен на македонски јазик,и на повеќе странски јазици кои се изучуваат во нашите училишта(на англиски,француски,

германски и руски јазик).Од нашето училиште со свои текстови учествуваше ученикот од деветто одделение Никола Трендафилов.Никола напиша два текста,на македонски јазик и на англиски јазик.

-На 26.02.2018 година,нашиот ученик и неговиот ментор Лидија Каратулкова-наставник по македонски јазик, заедно со останатите ученици од деветто одделение, учествуваа на театарската претстава:„Убавицата и ѕверот“ ,а потоа следеше доделување на наградените ученици од литературниот конкурс.Нашиот ученик Никола Трендафилов го освои третото место,награден состав на македонски јазик.Наградениот ученик и неговата менторка добија дипломи за освоеното место.

За Систем Администратор

Провери

Општинското основно училиште “Даме Груев”, врз основа на Правилникот за пофалби и награди на учениците распишува

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *