Дома / Новости / Известување

Известување

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ПРЕКУ ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ

-Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година!

-Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома!

-Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни!

Врз основа на образовните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија со кои е предвидено да се обезбеди непречено функционирање на воспитно – образовниот систем, ги известуваме и замолуваме сите ученици, а вооедно и родители активно да се вклучат во онлајн наставата бидејќи истата ќе трае до завршувањето на учебната година и учениците ќе бидат оценувани врз основа на истата.

Со почит,

ООУ” Даме Груев” Градско

За ООУ "Даме Груев" Градско

Провери

Активности од “Отворена спортска недела”

Во текот на изминатата недела нашите ученици имаа низа активности во склоп на отворената спортска …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *