Дома / Новости / Еразмус отворени денови 2021 во нашето училиште

Еразмус отворени денови 2021 во нашето училиште

На 14.10.2021 година (четврток) во склоп на #ЕразмусДенови во нашето училиште се реализира следниве ктивности:

– Изработка на пано за ЕРАЗМУС КАТЧЕ со фотографии од активностите кои се спроведени при реализацијата на посетите од двете мобилности во Р. Турција ( декември 2019 година) и Р. Романија ( септември 2021 година)

– Презентација на брошура за реализаирани активности под наслов ,,Магичната моќ на куклите” како дел од проектот ,,Магичната моќ на игрите

– Разговори и сведоштва за искуството од страна на тимот на наставници со учениците, родители на учениците, колеги-наставници, стручна служба, членови на Училишниот одбор и претставници на локалната самоуправа.

– Играње на традиционална игра од Турција ,,Замок од кули” со ученици од 6,7, и 8 одделение. Целта на оваа игра е да се развие соработката помеѓу учениците, да се развие нивното чувството за тимска работа, правилна координација и лидерство, заземање на одговорност и меѓусебна почит и соработка

-Кратка драматизација под маски ,, Сончевиот сиситем” со ученици од второ одделение.

За ООУ "Даме Груев" Градско

Провери

Општинското основно училиште “Даме Груев”, врз основа на Правилникот за пофалби и награди на учениците распишува

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *