Дома / Новости / Активност „21 Март Ден на пролетта и Ден на Екологијата“

Активност „21 Март Ден на пролетта и Ден на Екологијата“

Цел на активноста:

-Садење цвеќиња,чистење  на училишниот двор и околината, но не  само   активирање на сите ученици, туку и како можност да научат по нешто за зачувување на животната средина.

– Овозможува на учениците да придонесат за содавање на поубава и почиста животна средина;

-Можност за подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина, како и фокусирање на вниманието на јавноста на проблемот со загадувањето и справувањето со отпадот.

Одговорни за спроведување на проектот:

                                 – класните раководидели;

                                  -oдделенските раководители.

Програма

1.Изведба на кратка пиеса „Еко свет-еко патрола“во Домот на културата„Крсте Петков Мисирков“

2.Изработка на пароли од страна на учениците со цел да се разбуди свеста кај граѓаните за како правилно да управуваат со отпадот.

3.Инструкции и совети од класните и одделенските раководители за правилно спроведување на акцијата.

4.Определување на местото кое треба да се чисти:

                    -училишни ходници и училници;

                    -училишен двор;

                   – просторот околу училиштето.

5.Поделба на учениците по одделенија и одредување на областа која треба да ја чистат:

      II  до  V одд – училници и ходници;

      VI  и VII – училишниот двор;

      VIII и  IX  – просторот околу училиштето.

6.Потребни материјали:

   – цвеќиња и садници

   – вреќи за ѓубре

   – гумени ракавици

   – средства за чистење

   – апарат за сликање  за документирање на настанот.

7. Понуда на  решенија и совети на учениците  за чистењето и справувањето со отпадот и известување на учениците  за сите можни ризици и опасности кои можатда се појават при чистењето (инсекти, крлежи, опасни предмети, токсични

материјали).

8.Спроведување на активноста „Чиста околина за здрава средина и здрави деца“  од страна на учениците и наставниците.

9.По завршување на чистењето дискусија со учениците за спроведената акција.

10. Објавување на нашите  активностите на Фејсбук и Веб страната на училиштето. 

За Систем Администратор

Провери

Симулациона вежба во случај на елементарна непогода земјотрес

Во нашето училиште успешно се спроведе симулациона вежба во случај на елементарна непогода земјотрес. Целта …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *