Дома / Новости / Во нашето училиште, во III одделение, беше одржана едукативна средба со д-р Жанета Чаушевска, доктор по општа медицина во амбулантата во Градско. Средбата беше реализирана во рамките на наставната содржина „Улогата на лекарот во лекувањето на болестите кај децата“ по предметот Природни науки

Во нашето училиште, во III одделение, беше одржана едукативна средба со д-р Жанета Чаушевска, доктор по општа медицина во амбулантата во Градско. Средбата беше реализирана во рамките на наставната содржина „Улогата на лекарот во лекувањето на болестите кај децата“ по предметот Природни науки

Д-р Чаушевска им објасни на учениците како да ги препознаат сезонските заболувања, кои се најчестите симптоми и кога е потребно да се побара медицинска помош. Учениците со големо внимание ја следеа презентацијата и активно поставуваа прашања .

Посетата беше корисна, интересна и многу едукативна, а учениците стекнаа нови и важни знаења за грижата за сопственото здравје.

Голема благодарност до д-р Жанета Чаушевска!

За Вања Јовановска

Педагог во ООУ Даме Груев Градско.

Провери

КУЌЕН РЕД

КУЌЕН-РЕДПреземи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *