Еко-клубот на нашето училиште подготви креативни балони со пораки под мотото „Од деца за децата“. Овие шарени балони, исполнети со убави желби и пораки, им беа подарени на најмалите ученици — нашите нови првачиња.
Честитките се исполнети со искрена љубов и поддршка за новите членови на Детската организација, со желби тие брзо и радосно да се вклучат во воспитно-образовниот живот на училиштето.
Им посакуваме успешен и среќен почеток на нивното школување! Добредојдовте, драги првачиња!







ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште