Денес учениците од VII одделение при ПОУ „Даме Груев“ с. Виничани го посетија еден од најзначајните археолошки локалитети во нашата земја – античкиот град Стоби.
Сместен во самото срце на Македонија, Стоби е град со длабоки историски корени. Изграден уште во хеленскиот период, пред времето на кралот Филип Петти, тој денес претставува сведоштво за богатото културно наследство на нашата татковина.
Целта на оваа посета беше да се поттикне љубопитноста кај учениците за историјата и значењето на археолошките локалитети, како и да се зајакне нивната поврзаност со културното минато на Македонија.
Наставата денес се одржа на едно поинакво место – каде секој камен раскажува приказна!





ООУ"Даме Груев"-Градско Основно општинско училиште